Дома Фудбал Шампионот Интер стартува против Монца, Јувентус и Милан стартуваат на гостувања

Шампионот Интер стартува против Монца, Јувентус и Милан стартуваат на гостувања

Денес беше извлечен ждребот и стана позната програмата за новата сезона 2026/27 во Серија А, а кампањата започнува за време на викендот од 22 до 23 август.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шампионот на Италија, Интер, ќе ја започне одбраната на титулата со домашен натпревар против новајлијата Монца. Другите великани на италијанскиот фудбал, кои инаку доживеаја разочарувачка измината сезона – Јувентус и Милан, пак, почнуваат на гостувања. „Бјанконерите“ имаат гостување кај уште еден од новајлиите – Фрозиноне, додека „росонерите“ ќе играат на туѓ терен против Торино. Уште еден од интересните натпревари во првото коло ќе биде меѓу Рома и Фиорентина.

„Дерби дела Мадонина“ меѓу Милан и Интер ќе биде во 11-то коло, а „Дерби д’Италија“ меѓу Интер и Јувентус ќе биде дури во 19-то коло. „Дерби дела Капитале“ меѓу Лацио и Рома, пак, ќе биде во 15-то коло од програмата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Не доби можност во финалето, па му испрати поракa на селекторот за која цела Аргентина го критикува

Аргентина не успеа во финалето на Светското првенство, оставајќи ја титулата на селекција …