Дома Останати Шакира си „ќари“ нова спортска ѕвезда – но не е Хамилтон!

Шакира си „ќари“ нова спортска ѕвезда – но не е Хамилтон!

Позната поп пејачка Шакира веќе го заборавила Пике и е во љубовна врска со уште една спортска ѕвезда, но не Луис Хамилтон како што се шпекулира.

Имено, Шакира е во љубовна романса со НБА ѕвездата, Џими Батлер кој е 13 години помлад од 46-годишната пејачка.

Според американските медиуми, двајцата се во романса веќе неколку месеци, а Шакира беше забележана на натпреварите на Мајами Хит за време на НБА финалето во плеј-офот.

„Тие излегоа неколку пати, но се е уште многу ново и премногу е рано да се каже дали таму има долгорочен потенцијал“, изјави извор близок до Колумбијката ексклузивно за Us Weekly, но Шакира се чувствуала многу среќно кога го поминувала времето со него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Штип го славеше златото на Џорлев, шампионот веќе сонува сениорски врв

Марко Џорлев доби свечен пречек во Штип по кадетската светска титула во Полска. По петте п…