Дома Фудбал Сензација: Можен кам-бек на Мурињо во Реал Мадрид

Сензација: Можен кам-бек на Мурињо во Реал Мадрид

Жозе Мурињо, кој моментално ја предводи екипата на турскиот гoлигaнт, Фенербахче, беше неочекувано вклучен на листата на кандидати за нов тренер на Реал Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанските медиуми информираат дека претседателот на „кралскиот клуб“ веќе побарал контакт со португалскиот стратег, кој останува популарен меѓу навивачите на Реал.

Познат како Специјалниот, Мурињо го водеше клубот од 2010 до 2013 година и сега повторно се разгледува како потенцијален наследник на Карло Анчелоти летово.

Иако е на листата, Мурињо не е приоритет за тренерската позиција во Реал. Клубот најпрво ќе се обиде да го донесе Чаби Алонсо, додека Мурињо ќе се земе предвид само ако не успее трансферот на Алонсо од Баер Леверкузен, каде што има договор до летото 2026 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рангник повторно не се договори со Милан

Селекторот на Австрија Ралф Рангник најверојатно ќе ја задржи својата позиција на чело на …