Дома Фудбал Сенеси рекол “да” на Тотенхем

Сенеси рекол “да” на Тотенхем

Тотенхем постигнал принципиелен договор со дефанзивецот на Борнмут Маркос Сенеси, тврди новинарот Флоријан Плетенберг. Договорот на 28-годишниот Аргентинец истекува по оваа сезона и можноста да биде земен како слободен агент го направи примамлив залак за повеќето од водечките клубови. Се тврдеше дека Челзи, Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Јувентус и Рома покажувале интерес кон него. Изгледа дека Тотенхем ја добива битката за него.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Секако, има важен услов и тоа е поврзано со останувањето на Тотенхем во Премиер лигата. Последново не е воопшто сигурно, бидејќи во моментов “петлите” се во зоната на испаѓање, два бода зад Вест Хем.

Тотенхем дефинитивно има потреба од играчи во центарот на одбраната, бидејќи упорно се зборува дека Кристијан Ромеро и Мики ван де Вен може да заминат летово.

Во оваа сезона Сенеси одигра 35 натпревари во сите натпреварувања со екипата на Борнмут.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер плати 50 милиони евра за новото засилување!

Дензел Дамфрис замина кај Жозе Мурињо во Реал Мадрид, а управата на клубот предводена од Ѓ…