
Новогодишната ноќ во модното швајцарско скијачко одморалиште Кран Монтана, која требаше да биде круна на празничното славење, се претвори во невиден пекол. Додека стотици млади во барот „Ле Констелацион“ ги избројуваа првите минути од 2026 година, огнот од прскалките на шампањското го зафати плафонот и за само неколку секунди го претвори клубот во смртоносна замка.
Во општиот метеж и дим, додека сите бегаа кон излезот, младиот фудбалер Тахирис дос Сантос направи нешто што ретко кој би се осмелил – се врати директно во пламенот. Одби да ја напушти зградата додека не ја најде својата девојка, ризикувајќи го својот живот во ходниците кои се губеа во огнот. Од пеколот излезе како херој, но со тешки изгореници кои покриваа 30% од неговото тело и прогнози кои го доведуваа во прашање не само неговата кариера, туку и неговиот живот.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Екип пренесува дека младиот фудбалер и херој денес потпиша тригодишен договор со Мец. Игра на позиција лев бек и има само 19 години.
Извонредно храбар момче кое заслужи да добие шанса на професионално ниво.
Во трагедијата која ја обви Швајцарија во црно загинаа 40 луѓе, а околу 120 беа повредени.