Дома Фудбал Се сеќавате на Кристијан Kиву? Стана тренер и ќе се обиде да го спаси славниот клуб од испаѓање!

Се сеќавате на Кристијан Kиву? Стана тренер и ќе се обиде да го спаси славниот клуб од испаѓање!

Легендарниот романски фудбалер Кристијан Киву последниве години гради тренерска кариера, откако ја заврши играчката кариера пред речиси 11 години во дресот на Интер.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Киву долго време работеше како тренер во младинските категории на миланскиот гигант, а денеска го доби својот прв самостоен ангажман во еден сениорски тим.


Киву ја презеде клупата на италијанска Парма, која ја напушти Фабио Пекиа по три години, пресуден беше поразот од Рома минатиот викенд, со што клубот од стадионот Енио Тардини остана во зоната на испаѓање на табелата од Серија А.

Парма е двократен победник на Купот на УЕФА и победник на Купот на победниците на куповите од 1993 година, а трипати го освоила и Купот на Италија.

Киву ја заврши кариерата во 2014 година во дресот на Интер, каде остави длабока трага играјќи за „Нераѕурите“ седум години и запиша 169 натпревари, а играл и за Рома и Ајакс.

За репрезентацијата на Романија, Киву запиша 75 настапи, а сега пред него е мисија да го спаси прволигашкиот статус на Парма. Деби на клупата на Парма ќе има во сабота, кога „Млекарите“ ќе ја пречекаат Болоња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трансфер бомба! Јошко Гвардиол понуден на Реал Мадрид!

Јошко Гвардиол е понуден на Реал Мадрид, пренесува угледниот шпански медиум AS. Зошто проб…