Дома Фудбал Се пласираа на Мундијал, па цела држава доби слободен ден!

Се пласираа на Мундијал, па цела држава доби слободен ден!

За една земја, учеството на Светското првенство е успех кој носи големо задоволство, не само на спортско ниво, туку и во поширок контекст.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Граѓаните на Парагвај имаа причина за славење минатата ноќ, бидејќи нивната репрезентација обезбеди учество на Мундијалот 2026 година кој ќе се одржи во САД, Мексико и Канада.

Под водство на Густаво Алфаро, репрезентацијата одигра нерешено против Еквадор во Асунсион, што беше доволно за тимот да си го обезбеди местото на светската фудбалска сцена по пауза од 16 години.

Овој деветти настап на Парагвај на Мундијалите ќе биде одбележан на посебен начин – преку декрет на претседателот на земјата, Сантијаго Пења, кој го прогласи наредниот ден за национален празник и неработен ден.

Ова е дополнителна причина за уште поголемо славје за граѓаните по подвигот на нивните фудбалери…

Фото: apf.org.py

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нагелсман за поништениот гол на Германија: Целосен скандал

ФУДБАЛСКАТА репрезентација на Германија неочекувано беше исфрлена од Парагвај во осминафин…