Дома Фудбал Се огласија ПСЖ и Нејмар, познато кога Бразилецот се враќа на терените

Се огласија ПСЖ и Нејмар, познато кога Бразилецот се враќа на терените

Најскапиот фудбалер во историјата, Бразилецот Нејмар откри кога би можел да се врати на терените после тешката повреда.

По повредата се најавуваше дека Нејмар ќе го пропушти остатокот од сезоната, но и дека неговиот настап на Мундијалот во Бразил е доведен под знак прашалник.

Сепак Нејмар денес за „ТВ Глобо“, потврди дека за еден месец најмногу би можел да се врати на тренинзите, а потоа оваа вест ја објави и неговиот клуб.

„Др.Родриго Ласмар ни соопшти дека опоравувањето на Нејмар оди според планот и дека во наредните две до три недели би можел да започне со тренинзи“, стои во соопштението од ПСЖ.

„На терените ќе се вратам за еден месец. Опоравувањето оди според планот, многу брзо ќе започнам со тренинзи“, гласеше изјавата на Нејмар.

Дел од бразилските медиуми пренесуваат дека Нејмар со сигурност ќе настапи на пријателскиот натпревар против Хрвтаска на 3 јуни во Англија.

Мундијалот во Русија започнува на 14 јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дориев останува прв стрелец, Согдиана чека победа и по дуелот со Бухоро

Љупче Дориев ги одигра сите 90 минути во ремито 1:1 со Бухоро, а по мечот имаше време и за…