Дома Фудбал Се огласи Марчиниак: Никогаш во кариерата не сум имал таква ситуација!

Се огласи Марчиниак: Никогаш во кариерата не сум имал таква ситуација!

Реал во среда навечер го совлада Атлетико во дербито на осминафиналето на Лигата на шампионите по пенали и така обезбеди пласман во четвртфиналето против Арсенал. Првиот натпревар на Сантијаго Бернабеу заврши со победа на Реал 2:1. Во реваншот, Атлетико на својот стадион победи со 1:0 со голот на Конор Галагер во 1-та минута.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тоа беше резултатот до крајот на продолженијата, па победникот беше одлучен на пенали. Реал во распукувањето победи со 4:2, а серијата беше обележана со одлуката на судијата Шимон Марчињак на интервенција на ВАР да го поништи голот на Џулиан Алварез. Напаѓачот на Атлетико се лизна малку при изведувањето на пеналот и топката ја допре двапати, покажа снимката на УЕФА.

Првпат од натпреварот, самиот Марчиниак се огласи за целата ситуација: “Дали Мбапе им кажа на судиите дека Алварез двапати ја допрел топката? Тоа воопшто не е точно. Јас бев тој кој ги извести ВАР судиите дека е 99 проценти сигурен дека Алварез двапати ја допре топката и тие тоа детално го испитаа.”

“Да бидам искрен, никогаш во кариерата не сум се соочил со таква ситуација, но играчите ги знаат правилата”, заклучи полскиот судија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Џака нема да оди во Челзи

Потенцијалниот трансфер на капитенот на Швајцарија и Сандерленд, Гранит Џака, во Челзи нем…