Трејдот на Лука Дончиќ од Далас во Лос Анџелес Лејкерс продолжува да биде една од најкоментираните теми во кошаркарската заедница.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Коментар за оваа ситуација даде и поранешниот НБА кошаркар и актуелен член на управниот одбор на Партизан, Саша Павловиќ.
„Бев во контакт со Вучевиќ и тој е во шок, како и многу други во лигата. Јас искрено се надевам дека Лука во првиот натпревар против Далас ќе постигне 100 поени и ќе покаже колку му значи овој чекор во кариерата. Дончиќ има огромен потенцијал и многу се истакна во Далас”, изјави Павловиќ.