Дома Фудбал Се е готово: Директорот на Јувентус потврди – Влаховиќ може да замине!

Се е готово: Директорот на Јувентус потврди – Влаховиќ може да замине!

Тоа што Душан Влаховиќ е на излезна врата од Јувентус веќе не е тајна. Но, главното прашање е дали Српскиот напаѓач сака да замине сега или ќе почека до следното лето кога ќе биде слободен играч. Овие дилеми ги разјасни генералниот директор на Јувентус, Дамијен Комоли.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Комоли откри дека клубот има џентлменски договор со Влаховиќ.

– Имаме договор со Душан да си замине летово, ако добие соодветна понуда. Тој може да замине само ако пристигне добра понуда, која сѐ уште ја немаме добиено – изјави Комоли.

Во пролетниот дел од сезоната, Влаховиќ го загуби своето место како стартен напаѓач од Коло Муани. Французинот се врати од позајмица во Пари Сен Жермен, но Старата Дама го ангажираше Џонатан Дејвид, што го направи Влаховиќ вишок. Имајќи ја предвид и неговата висока плата, тоа претставува дополнителен товар за клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо се сѐ повеќе поврзува со Реал – конечно го прекина молкот и ги коментираше шпекулациите

Жозе Мурињо ги негираше медиумските гласини кои го поврзуваат со враќање во Реал Мадрид. Н…