Дома Фудбал Санчо на чекор од трансфер во Серија А

Санчо на чекор од трансфер во Серија А

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Џејдон Санчо е пред трансфер во Серија А. Негова нова дестинација би требало да биде Рим.

Рома веќе има испратено понуда за позајмица до Манчестер Јунајтед за англискиот репрезентативец. Санчо изминатава сезона ја мина во Челзи, но лондонскиот клуб донесе одлука да не го откупи неговиот договор. 

Италијанските медиуми објавија дека клубовите постигнале договор за позајмица со обврска за откуп на договорот од 23 милиони евра.

Санчо би заработувал околу 4,5 милиони евра по сезона на Олимпико плус бонуси, па се очекува трансферот да се реализира наскоро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кејн славеше „Златна топка“, па промаши пенал: Милан го урна Интер, Хакими со хет-трик

Баерн остана без победа во германското класико, Милан му го нанесе првиот сезонски пораз н…