
Фудбалерите на Арсенал се надеваат на победа во Париз за да се пласираат во финалето на Лигата на шампионите, а Букајо Сака пофално зборуваше за противникот.
Арсенал во групната фаза во октомври лесно го победи ПСЖ, а Сака го спореди тогашниот состав на тимот на Луис Енрике со овој денешниот.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
“Колку напредувале од октомври? 100%! Ова е сосема поинаков тим. Знам дека променија само два играчи во почетната постава од тогаш, но неверојатно е колку повеќе хемија имаат, како летаат по теренот, како ја циркулираат топката. Многу се подобри од тогаш. Да бидам искрен, ме импресионираа. Можам да кажам дека ПСЖ е најдобриот тим против кој игравме оваа сезона. Имаат одличен менаџер, врвни играчи, опасни од сите страни, додека средниот ред знае да ја држи топката. Ќе се обидат и ќе натераат секој да трча многу, а мислам дека никој не сака толку да трча по топка”, рече Сака.
Реваншот е на програмата вечерва во 21.00 часот.