
Кристијано Роналдо беше специјален гостин на сцената на 15-тото доделување на Глоуб Сокер награди.
За време на неговиот разговор со водителот на настанот, тој беше запрашан дали би му помогне на англискиот шампион Манчестер Сити, кој минува низ неочекувана криза.
Дерби на Италија во Серија А и битка за титула во Бундеслига ↓↓↓
„Во фудбалот никогаш не се знае што може да се случи. Тимовите минуваат низ различни периоди – и тешки и добри. Сега, на пример, Сити минува низ тежок период, но 100% сум убеден дека ќе се вратат. Исто како Реал Мадрид. На почетокот луѓето не очекуваа да бидат толку брилијантни, но тие воопшто не се лоши“.
„Не разбирам како луѓето кажуваат такви работи. Секој тим и секој играч има лоши моменти, но тие секогаш се враќаат. Ако треба да се обложувам кој ќе ја освои Лигата на шампионите, повторно ќе типувам на Реал Мадрид. На Бернабеу е поинаку – сите тимови се плашат кога играат таму. Историјата го покажува тоа. Затоа, никогаш не го отпишувајте Реал Мадрид затоа што тие секогаш се враќаат. Истото важи и за Сити. Многу сум љубопитен да видам што ќе се случи“, истакна Роналдо.
Роналдо исто така беше прогласен за најдобар фудбалер на Блискиот Исток на наградите на „Супер Глоуб“ кои се одржаа вечерва.