Дома Фудбал Роналдо ги менува тренерите како чорапи

Роналдо ги менува тренерите како чорапи

По новиот пораз, Ваљадолид се наоѓа во доста незавидна положба. Ова доведе до нова смена на тренерот, втора за оваа сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Клубот кој го води легендарниот Роналдо го смени Диего Кока. Тој ги водеше Ваљадолид во само осум натпревари.

Аргентинскиот тренер, предводејќи го Ваљадолид, запиша дури седум порази и само една победа. Резултатот е дека клубот моментално се наоѓа на последното место со 15 бодови, седум помалку од претпоследниот Алавес.

На почетокот на сезоната, клубот го водеше Алваро Рубио, а сега Ваљадолид е во потрага по трет тренер за сезонава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Објавени детали: Дали Инфантино планираше да создаде Суперлига на ФИФА?

Меморандумот од октомври 2020 година покажува дека се разгледувало натпреварување со 15 по…