Дома Фудбал Лига на шампиони Рома со објавата на Твитер уште еднаш покажа класа

Рома со објавата на Твитер уште еднаш покажа класа

Фудбалерите на Ливерпул се пласираа во финалето иако беа поразени на Олимпико од Рома со 4:2.

Црвените дојдоа до финалето благодарение на победата во првиот натпревар со 5:2, каде блескаше довчерашниот играч на Рома, Мохамед Салах. Египќанецот синоќа се врати на Олимпико каде беше пречекан со аплаузи, а Рома после натпреварот покажа класа со објавата на Твитер во чест на Салах.

„Не боли премногу што неверојатниот сон на Рома на патот кон Киев е завршен, но ти ќе бидеш таму во некои нови бои. Среќно во финалето, Мо Салах.“ – порачаа од римскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…