
Во судирите меѓу полицијата и хулиганите пред римското дерби помеѓу Лацио и Рома, беа повредени 24 полицајци и предизвикана е материјална штета од 40.000 евра.
„Згрозен сум. Не е прифатливо хулиганите да го претворат фудбалскиот натпревар во сцена на урбана војна“, изјави градоначалникот на Рим Роберто Гвалтиери.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Околу 2.000 полицајци беа позиционирани на различни точки околу Олимпискиот стадион во Рим, а конфликтот започна кога навивачите на Лацио се обидоа да го пробијат полицискиот кордон.
Навивачите испукуваа огномети кон полицијата и ја гаѓаа со цврсти предмети. Полицијата возврати со солзавец и водени топови.
И Лацио и Рома изразија солидарност со повредените полицајци и го осудија насилството. Натпреварот заврши со нерешен резултат 1:1.
Фото: ПртинскринUltras Lazio vs 1312
— Calle ℌ Grada (@CalleYGrada) April 14, 2025
SS Lazio – AS Roma
13/04/25. 🇮🇹 pic.twitter.com/OADmYfxaN9