Дома Фудбал Револуционерни идеи на тренерот на Тотенхем: Еве што предлага за унапредување на фудбалот.

Револуционерни идеи на тренерот на Тотенхем: Еве што предлага за унапредување на фудбалот.

Тренерот на Тотенхем, Томас Франк (51), изнесе неколку интересни, но и контроверзни предлози за промена на фудбалските правила. Данецот, кој летово го презеде тимот на Спарс од Анге Постекоглу, смета дека одредени иновации би ја подобриле играта и би ја направиле фер, пишува „Дејли Мејл“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Франк успешно ја започна својата ера во Тотенхем, запишувајќи две победи во првите три првенствени натпревари и одведувајќи го тимот до пенали против европскиот првак ПСЖ во УЕФА Суперкупот. Тој е сигурен дека неговата идеја би била добра и во полза на фудбалот.

„Би вовел тајм-аут во секое полувреме. Од перспективата на тренерот, мислам дека би било одлично да се има шанса во текот на натпреварот да се разговара со играчите и да се може нешто да се прилагоди“, изјави Франк.

Оваа идеја би претставувала радикална промена. Тренерите моментално даваат упатства од страната на теренот или за време на полувреме, а понекогаш ги собираат играчите за време на подолги прекини поради повреди. Воведувањето на официјален тајм-аут, во ера кога проверките со ВАР веќе ги фрустрираат навивачите, сигурно би предизвикало многу дискусии.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Марко Алчевски се врати во Македонија!

Фудбалскиот клуб Тиквеш денеска го претстави своето ново засилување за претстојната сезона…