Дома Фудбал Реми на Јувентус и во градското дерби со Торино (Видео)

Реми на Јувентус и во градското дерби со Торино (Видео)

Фудбалерите на Торино и Јувентус одиграа нерешено 1:1 во градското дерби на Торино, кое беше одиграно во рамките на 20-тото коло на италијанската Серија А.

Јуве поведе со голот на Кенан Јилдиз во осмата минута, а конечниот резултат го постави Никола Влашиќ во 45+2.

“Старата дама” на четвртото место има 33 бодови и е далеку од борба за Скудето, а ова е нејзино шесто нерешено во последниот седум натпревари во лигата. Торино е 11-ти со 22 бодови на своето конто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ангеловски ќе се бори за трофеј во Тајланд: Таџикистан го елиминира Оман

Таџикистан под водство на Игор Ангеловски го совлада Оман со 1:0 и обезбеди финале на Кинг…