Дома Фудбал Реал му верува на Анчелоти, но ќе го смени ако не ја исполни целта – веќе е познато и кој би го наследил!

Реал му верува на Анчелоти, но ќе го смени ако не ја исполни целта – веќе е познато и кој би го наследил!

Реал Мадрид загуби со 2:5 во натпреварот за титулата во шпанскиот Суперкуп од Барселона. Позицијата на Карло Анчелоти како главен тренер на тимот не е разнишана, но ќе биде заменет ако не ја заврши сезоната со титула во шпанското првенство или со освојувањето на Лигата на шампионите. Познато е и кого би сакале да го видат во Мадрид на чело на тимот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тоа го наведува „Релево“, истакнувајќи дека Анчелоти за почеток има три задачи пред себе. Мора да победува, неговиот тим мора да изгледа убедливо и мора да го организира составот за подобро функционирање. 

Ако не биде успешен во тоа и остане без ниту еден од двата важни трофеи на крајот од сезоната, клубот ќе го игнорира фактот дека има договор до летото 2026 година и ќе донесе замена за него. Најголемата желба е Чаби Алонсо, а и тој самиот не би имал ништо против таков развој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Далиќ избра: Ова се фудбалерите со кои Хрватска оди на Мундијалот!

Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ, денеска на прес-конференција го соопшти списокот на …