Дома Фудбал Реал Мадрид во натпревар со шест гола подобар од Севиља (Видео)

Реал Мадрид во натпревар со шест гола подобар од Севиља (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид ја оправдаа фаворитската улога и славеа победа над Севиља од 4:2 во рамките од 18. коло.

По нешто повеќе од половина час игра Реал Мадрид веќе имаше предност од 3:0, стрелаа Мбапе, Валверде и Родриго. Севиља го намали водството на домашниот тим преку Ромеро.

Со предност од 3:1 избраниците на Анчелоти заминаа и на паузата. Се играше 53. минута кога Диаз зголеми на 4:1, додека Лукебакио со осмиот гол во сезоната ги постави конечните 4:2.

Лидер во Ла Лига по 18 кола е Реал Мадрид со 41 бод, потоа следеше Реал Мадрид со 40, Барселона е трета со 38.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Србите сакаат да го убедат Гаштаров да игра за нив!

Младиот македонски фудбалер Матеј Гаштаров во изминатиот период се најде во центарот на вн…