Дома Фудбал Реал Мадрид се меша во трансферот и го попречува големиот договор на Манчестер Сити!?

Реал Мадрид се меша во трансферот и го попречува големиот договор на Манчестер Сити!?

Ова лето, Сити значително го засили својот играчки состав и имаат за цел да се вратат триумфално во новата сезона.

Во летниот трансфер период, Граѓаните досега ги донесоа Трафорд, Ал Нури, Рејндерс и Черки…

Амбициите на Граѓаните за новата сезона се многу големи, а до крајот на трансфер периодот се очекува да доведат уште засилувања.

Најблиску до Етихад е голманот на ПСЖ – Џанлуиџи Донарума, кој не сака да го продолжи договорот со актуелниот европски шампион.

Според пишувањата на угледниот француски лист Екип Донарума веќе постигнал договор со Манчестер Сити.

Сепак, англиските медиуми сега пренесуваат нов пресврт во целата оваа приказна, односно дека Реал Мадрид се вмешал во овој трансфер.

Кралскиот клуб ќе се обиде да го убеди Донарума да се “стрпи” уште една сезона и да се пресели во нивните редови следното лето како слободен играч.

Останува да видиме каква ќе биде конечната одлука на италијанскиот голман и како ќе се развие целата оваа ситуација, која станува исклучително интересна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кејн славеше „Златна топка“, па промаши пенал: Милан го урна Интер, Хакими со хет-трик

Баерн остана без победа во германското класико, Милан му го нанесе првиот сезонски пораз н…