Шпанскиот гигант Реал Мадрид е заинтересиран за бекот на Манчестер Јунајтед,, Диого Далот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
На лето, Реал има план да донесе нов десен бек кој би бил замена за Карвахал. Далот е број еден опција во оваа мисија, бидејќи може да покрие и како лев бек.
Неговата непрекината добра форма оваа сезона го прави клучен играч, па Манчестер Јунајтед посакува да го продолжи договорот со него.
Ситуацијата околу Далот внимателно ја следат од Реал, но новиот тренер, Рубен Аморим, кој е негов сонародник, интензивно се труди да го задржи Далот.
Реал е во контакт со агентот на Далот, Жорге Мендеш, и подготвен е да издвои 50 милиони евра за овој Португалец.