Дома Фудбал Реал Мадрид планира трансфер изненадување

Реал Мадрид планира трансфер изненадување

Реал Мадрид има намера во 2026 година да ја активира излезната клаузула за Витор Мачадо Фереира, познат како Витиња (25), и да го внесе во својот тим. Во управата на “Кралскиот клуб” сметаат дека нема играч на пазарот кој нуди подобра вредност од Португалецот, третопласиран во изборот за Златна топка, иако ова може да стане комплицирана операција која би можела да ги заостри односите со ПСЖ.

Претседателот Флорентино Перез забележал прилика во договорот на португалскиот играч и планира да ја искористи, според напис на Defensa Central. “Кралскиот клуб” е подготвен да плати 90 милиони евра, што би можело да го доведе Витиња на крајот од сезоната од Париз. Иако ова може да биде тешко поради актуелниот договор и клубот, во Мадрид се оптимисти поради клаузулата која се споменува последните месеци.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Во очите на Флорентино Перез, сумата од 90 милиони евра за Витиња е вистинска прилика, особено кога се спореди со многу повисоките износи кои ги бараат европските клубови за играчи како Енцо Фернандез, Алексис Мак Алистер или Мојсес Каиседо.

Перез посакува да го доведе Португалецот, а идејата да избегне преговори со ПСЖ, со кој клубот има затегнати односи, му се чини особено привлечна. Наместо да преговараат, планот е едноставно да го платат износот и да го обезбедат потписот. Дали играчот ќе биде подготвен да ја замени Париз со шпанската престолнина, ќе покаже времето што следи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Херојот на Ирска се расплака во по чудото во Будимпешта: Ова ми значи се на светот! (Видео)

Доколку денеска го прашате секој во Ирска за кого би гласале доколку претседателските избо…