Дома Фудбал Разбивање на дуото од нападот на Јунајтед – Едниот останува, другиот оди во Јувентус?

Разбивање на дуото од нападот на Јунајтед – Едниот останува, другиот оди во Јувентус?

Рубен Аморим, изгледа, одлучи. Џошуа Зиркзи ќе добие нова шанса следната сезона, додека Расмус Хојлунд може да ги пакува куферите.

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, е подготвен да го задржи Зиркзи следната сезона и да го продаде Хојлунд, додека Црвените ѓаволи сакаат да потпишат нов напаѓач за време на летниот преоден рок.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


И Зиркзи и Хојлунд беа мети на Јувентус во последните месеци, а Калтчомеркато потврдува дека Бјанконерите веќе започнаа прелиминарни преговори за поранешната ѕвезда на Аталанта.

Според извештајот на споменатиот медиум, директорот на Јувентус, Кристијано Ѓунтоли, исто така постигнал усен договор со агентот на Зиркзи за заем во Торино во јануари, но на крајот не дојде до договор меѓу двата клуба.

Се очекува дека Јувентус ова лето ќе го напушти Душан Влаховиќ бидејќи напаѓачот одбил да потпише нов договор кој истекува во лето 2026 година.

Рандал Коло Муани е на заем од ПСЖ до крајот на сезоната, а Јувентус нема опција да го откупи неговиот договор, што значи тој ќе се врати во главниот град на Франција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Влаховиќ на прагот на трансфер во Арсенал

Арсенал активно бара врвен напаѓач, а првата цел на тренерот Артета е талентираниот Душан …