Дома Фудбал „Рашфорд не вреди ниту десет милиони фунти“

„Рашфорд не вреди ниту десет милиони фунти“

Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Бен Фостер, зборуваше за Маркус Рашфорд и неговата изведба оваа сезона. 

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фостер некое време беше голман и за репрезентацијата на Англија, а најголемата трага ја остави кога бранеше за Вест Бромвич Албион. 

“Маркус Рашфорд… Толку многу луѓе зборуваат за него, велат дека ќе биде неговиот ден, но тој се појавува секои десет натпревари. Не можете да си дозволите да имате луксузен играч кој одигра добро само еднаш на десет натпревари. Мора да замине од Манчестер Јунајтед. Мислам дека за него би било подобро во МЛС, или нешто слично”, рече тој. 

Фостер смета дека Рашфорд сега не вреди ни 10 милиони фунти.  

“Луѓето зборуваат за 40 милиони фунти. Дури и 10 милиони… Мислам, јас не би ни толку платил за него”, изјави Фостер. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Да се знае кој е главен: Мурињо со првата одлука тројца „ги фрли на колена“, па одбра нови луѓе!

Нов тренер на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, реши да направи низа промени во составот, а компле…