Дома Фудбал Раниери не е единствениот што заминува од Рома!

Раниери не е единствениот што заминува од Рома!

Италија е потресена од состојбата во Рим, Клаудио Раниери го напушти клубот каде што во Рома беше специјален советник, значително придонесе за овој клуб и на крајот поради конфликт со Гасперини, тренерот на овој клуб, одлучи да си замине. 

Наводно им рекол и на газдите на клубот да изберат помеѓу него и Гасперини, по што се огласи и самиот Гасперини кој, како што рече, бил изненаден. Дека работите не се најдобри покажува и уште едно заминување. 

Како што јавуваат италијанските медиуми, заминувањето на Раниери не е единствено, заедно со него си оди и спортскиот директор Рики Масара, иако клубот сè уште не го има потврдено тоа. 

Како што се вели, Масара и Гасперини не се гледаа, а тренерот имал доста забелешки за учинокот на спортскиот сектор оваа сезона. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голман од Англија доби понуда да стане крал, не е сигурен дали да го напушти Лондон

Голманот Џорџ Десмонд Камураси, кој го помина детството во Велика Британија, е избран како…