
Селекторот на Австрија Ралф Рангник најверојатно ќе ја задржи својата позиција на чело на тимот, бидејќи нема да биде назначен за технички директор на Милан, според различни релевантни извори.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според информациите, Германецот им дал на „росонерите“ краен рок до петок за нивната одлука дали да го ангажираат во клубот. Но, оттаму не се поврзале со Рангник со конечен одговор. Затоа, тој го загуби трпението и одлучи да го прифати понудениот договор од австриската федерација до Еуро 2028.
Од друга страна, колебањето на раководството на Милан се должи на категоричното барање на Рангник да добие целосна спортско-техничка власт во клубот. Оттаму не се подготвени да му ја дадат, бидејќи тоа би го намалило влијанието на главниот советник Златан Ибрахимовиќ. Така, поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед по втор пат ќе се размине со миланскиот гигант, откако во почетокот на 2020 година беше на пат да стане нивен тренер, но планот пропадна во последен момент.
Во однос на испразнетата тренерска позиција, Џанлука Ди Марцио уверува дека Оливер Гласнер останува водечкиот кандидат. Сепак, тука исто така не е донесена конечна одлука, а за време на викендот ќе се одржат разговори со останатите два варијанти: Матиас Јајсле од саудискиот Ал-Ахли и слободниот Рубен Аморим.