Дома Фудбал Останато (Видео) Рагби-ѕвезда намерно му турна прст в око на противник

(Видео) Рагби-ѕвезда намерно му турна прст в око на противник

Јужноафриканската рагби ѕвезда Ибен Ецебет заработи долга суспензија од 12 натпревари откако минатата сабота беше исклучен во Кардиф поради тоа што намерно стави прст в око на велшкиот играч Алекс Ман. Поради оваа тешка казна, играчот нема да се врати на терените до април 2026 година.

Инцидентот се случи на самиот крај од натпреварот, во кој „Спрингбоксите“ ја завршија својата есенска турнеја со убедлива победа против Велс со резултат 73:0. Во 79. минута, во текот на конфликтот меѓу играчите, Ецебет турна прст в око на Алекс Ман, што му донесе директен црвен картон и автоматско сослушување пред дисциплинската комисија на „World Rugby“.

Комисијата овој четврток ја потврди казната од дванаесет недели. Како што беше објаснето во службеното соопштение, основната казна беше 18 недели поради опасниот потег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Морничав случај во Загреб: Пронајдени човечки остатоци, се сомнева дека припаѓаат на поранешен ММА борец

Загрепската полиција истражува случај откако при работи на простор на една фирма беа прона…