
Според извештаите објавени во понеделникот, италијанската репрезентација се обидела во 2020 година, додека селектор бил Роберто Манчини, да ја убеди ѕвездата на Барселона, Рафиња, да игра за Аѕурите. Како што пишува Ла Газета делло Спорт, италијанскиот фудбалски сојуз (ФИГЦ) вложил сериозни напори за да го привлече Рафиња да настапува за Италија, пред тој една година подоцна да дебитира за бразилската репрезентација.
Тогаш 24-годишниот Рафиња сè уште играше во Премиер лигата за Лидс Јунајтед, пред да направи голем трансфер во Барселона летото 2022 година. Рафиња имаше право да настапува за Италија благодарение на неговиот татко, Рафаел Диас Белоли, кој е од италијанско потекло.
Преку татко му, Рафиња има и италијански пасош, поради што во Барселона не се смета како играч надвор од Европската унија, иако игра за Бразил на репрезентативно ниво.
Спортскиот директор на Барселона Деко уште во 2021 година потврди дека имало обиди од страна на ФИГЦ да го привлечат Рафиња, изјавувајќи во едно интервју: “Италијанскиот сојуз лани сериозно ја истражуваше можноста да го донесе.”
Рафиња не би бил единствениот играч со италијанско-бразилски корени во составот на Манчини во 2020 година, бидејќи Жоржињо, Емерсон Палмиери и Рафаел Толои, сите со бразилско потекло, исто така беа дел од репрезентацијата на Италија која летото 2021 година го освои Европското првенство. Рафиња за Бразил има 33 настапи и 11 голови, а оваа сезона за Барселона во 52 натпревари има 31 гол и 25 асистенции.
Фото: FC Barcelona/X