Дома Останати Тенис Рафаел Надал ќе стане тренер?

Рафаел Надал ќе стане тренер?

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ја заврши својата кариера во 2024 година и сега ги минува првите недели како пензионер.

Надал беше именуван како амбасадор на тениската федерација на Саудиска Арабија во јануари оваа година и поради тоа беше критикуван од многумина.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Ги прифаќам критиките, особено го почитувам мислењето на другите луѓе кои го ценат и својот и туѓиот труд. Не се преоптоварувам премногу бидејќи секогаш имам цел заради која сум дојден. И на крај, сè е со цел унапредување на животот и промовирање на спортот во оваа земја“, рече Надал.

Секогаш се поставува едно од интересните прашања кога ќе се заврши професионалната кариера дали би можел да се види во улога на тренер.

„Никогаш не велете никогаш. Уште е рано за такви разговори, сè уште се трудам да го организирам својот живот. Во моментов, не се гледам во слични проекти, но не знам каков ќе ми биде животот за две или три години. Оставам простор и за такви приказни“, посочи Надал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Сабаленка за првпат го проба хот-догот од 100 долари: Погледнете ја нејзината реакција (Видео)

Првата тенисерка на светот Арина Сабаленка се пласираше во четвртфиналето на Мајами Опен, …