Дома Фудбал ПСЖ тргна по ѕвездата на Ливерпул: Французинот го сакаат и Челси и Реал Мадрид

ПСЖ тргна по ѕвездата на Ливерпул: Французинот го сакаат и Челси и Реал Мадрид

Ибрахима Конате би можел да биде едно од најзвучните имиња на претстојниот летен трансфер пазар.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Францускиот репрезентативец официјално го напушти Ливерпул и на пазарот се наоѓа како слободен играч, што веднаш привлече внимание на најголемите европски клубови.

Според извештаите на угледниот РМС Спорт, најголем интерес во моментов покажува Пари Сен-Жермен, кој во Конате гледа идеално засилување за одбраната во наредните сезони.

Сепак, Парижаните нема да имаат лесна задача.

За потписот на 27-годишниот дефанзивец се заинтересирани и Челси и Реал Мадрид, па се очекува вистинска трка за трансфер на еден од најквалитетните слободни играчи ова лето.

Иако конечната одлука не се очекува пред завршувањето на Светското првенство, извори блиски до играчот тврдат дека преговорите би можеле да се забрзаат веднаш по завршување на турнирот.

Конате има зад себе пет многу успешни години во Ливерпул.

За време на престојот на Енфилд, тој го освои речиси сè што може да се освои во англискиот фудбал, вклучувајќи ја и Премиер лигата, ФА Купот, два Лига купа и Комјунити Шилд.

Во црвениот дрес одигра вкупно 183 натпревари, оставајќи длабок траг во тимот на Редс.

Особено впечатлива беше неговата последна сезона.

Францускиот репрезентативец одигра дури 51 натпревар во сите натпреварувања, а во 48 наврати беше во почетниот состав на својот тим.

Таквата статистика доволно говори за неговата важност и статусот што го имаше во Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Седлоски по поразот: Оставете ги фудбалерите, јас ја преземам одговорноста!

По убедливиот пораз од Турција и четирите примени погодоци без постигнат гол, селекторот н…