Дома Фудбал ПСЖ и Арсенал нудат 100 милиони евра за 19-годишник

ПСЖ и Арсенал нудат 100 милиони евра за 19-годишник

Оддамна е познато дека трансферите во фудбалот станаа баснословни.

Сепак, британските медиуми откриваат дека ПСЖ и Арсенал се подготвени да платат околу 100 милиони евра за еден 19-годишник.

Станува збор за напаѓачот на Борнмут, Ели Џуниор Крупи.

Момчето кое постигна 13 голови во претходната сезона, е родено во францускиот Лоријан.

Кариерата ја започна во клубот од истоимениот град, а во Борнмут дојде во зимскиот преоден рок во 2025 година за 25 милиони евра, со тоа што остана до крајот на сезоната во францускиот клуб.

По само една година и 35 натпревари за Борнмут, неговата цена се четирикратно зголеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Убава слика од Прилеп: Новата Победа пред речиси полн стадион тргна со убедлив триумф!

Во Прилеп можеше да се види убава сцена новоформираната ГФК Победа која не е поврзан со ст…