Дома Фудбал Првото нерешено на Ливерпул сезонава не го стопли “Енфилд”

Првото нерешено на Ливерпул сезонава не го стопли “Енфилд”

Ливерпул не успеа да го надгради успехот и релативно добрата игра против Вест Хем пред неколку дена и денес ги разочара своите фанови со слабо издание и 1:1 дома против Сандерленд.

Ова е прво реми за шампионите сезонава. Мерсисајдците привидно доминираа, но играа доста предвидливо и на ниски обрти, што го олесни Сандерленд, кој забележа уште еден добар резултат. Гостите погодија две стативи, а Ливерпул возврати со една, по што поведе во 68-та минута со гол на Чемсдин Талби по груба грешка на Вирџил ван Дајк.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Флоријан Виртц мислеше дека го постигнал својот прв гол за Ливерпул во 81-та минута кога неговиот удар заврши во мрежата. Но, погодокот беше запишан како автогол на Норди Мукиеле. Во додаденото време дури Сандерленд можеше да издвои победа, но Киеза расчисти од пред гол-линијата по удар на Исидор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанците го изнервирале Алонсо – го прашаа за можниот наследник!

Реал Мадрид во недела со почеток во 21 часот ќе се соочи со Алавес во рамките на 16-то кол…