Дома Фудбал Прославата на Влаховиќ привлече внимание: Еве зошто српскиот напаѓач славеше како кошаркар

Прославата на Влаховиќ привлече внимание: Еве зошто српскиот напаѓач славеше како кошаркар

Зошто Душан Влаховиќ славеше како кошаркар по голот против Каљари? Објасни за што се работи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Српскиот напаѓач не одигра многу за Јувентус оваа календарска година, но штом тренерот Тијаго Мота му даде доверба се врати со гол за победа против Каљари (1:0). Влаховиќ постигна гол во 12-та минута откако прво го помина познатиот колумбиски дефанзивец Јери Мина, а потоа славеше на интересен начин.

Зошто Влаховиќ “имитираше” постигнување на кош? По натпреварот објасни дека се работи за интерна работа: “Кошаркарската прослава беше посветена на физиотерапевтите. Интерна работа е, а тие ме замолија да прославам така ако дадам гол…“, изјави Влаховиќ по својот најдобар натпревар оваа календарска година во дресот на “старата дама”, по што доби и награда за најдобар поединец на натпреварот на Сардинија.

Инаку, ова беше првиот цел натпревар што Влаховиќ го одигра откако Рандал Коло Муани му стана конкуренција во Јувентус и се чини дека ја загуби позицијата – едноставно бидејќи се очекува да замине од клубот на лето откако не го продолжи договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Овој Мундијал може да биде најефикасен досега, причина е топката!

Светското првенство во фудбал започна со 121 гол во првите 40 натпревари, што е скоро четв…