Дома Фудбал Пронајден фудбалерот по кој се трагаше по пожарот во Кочани

Пронајден фудбалерот по кој се трагаше по пожарот во Кочани

По страшната трагедија која ноќеска ја потресе Кочани, бројни родители, пријатели и роднини преку социјалните мрежи апелираат и се обидуваат да добијат какви било информации за своите блиски, кои се водат како исчезнати по настанот во дискотеката.

Меѓу исчезнатите беше и фудбалерот на ФК Шкупи, Андреј Лазаров, кој исто така бил присутен во дискотеката за време на пожарот.

По неколку часа неизвесност, од извори блиски до клубот беше потврдено дека младиот фудбалер е хоспитализиран во болницата во Штип и се здобил со изгореници на телото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус не се откажува од интересот за младиот дефанзивец на Ливерпул

Јувентус го следи младиот дефанзивец на Ливерпул, Џовани Леони, како дел од планот да го з…