Дома Останати Ракомет Пролет со потег за респект: Ќе го исплати целиот договор на Јовиќ нa неговото семејство

Пролет со потег за респект: Ќе го исплати целиот договор на Јовиќ нa неговото семејство

Oд редовите на Пролет денеска го именуваат Никола Матлиески за нов тренер кој се враќа во клубот по ненадејната смрт на Александар Јовиќ.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Од Пролет покрај информацијата за потврда на соработката со Матлиески информираа и дека договорот кој го имаше Јовиќ во целост ќе биде исплатен на неговото најблиско семејство.

„Тагата од прераната смрт на нашиот Александар Јовиќ се уште е огромна и останува непребол за сите членови во нашиот клуб. Затоа, како управа донесовме одлука договорот на Јовиќ што го имаше со РК Тинекс Пролет, да биде исплатен до крајот на оваа натпреварувачка сезона на неговото најблиско семејство“, објави Пролет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Кадетите се светски шампиони на училишниот Мундијал!

Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија се искачи на светскиот трон, освој…