Дома Фудбал Проблеми во Манчестер сити: Шпанецот со фотографија докажа дека Гвардиола лажел!

Проблеми во Манчестер сити: Шпанецот со фотографија докажа дека Гвардиола лажел!

Бразилецот Савињо, кој е десно крило, го очекува својот трансфер од Манчестер сити.

Во тек се преговори со Тотенхем, но засега Сити не попушта. Ниту понудата блиска до 50 милиони евра не ги убеди да го отстапат Бразилецот на тимот од Премиер лигата.

Савињо, пак, не крие дека сака да си замине. Сепак, Пеп Гвардиола го изостави од тимот против Вулверхемптон, изјавувајќи дека играчот е повреден и не може да настапи.

Во меѓувреме, Савињо објави фотографија на Инстаграм од теретана, со што го демантира изјавеното од шпанскиот стратег.

Оваа ситуација дополнително потврдува дека односот помеѓу нив е нарушен и дека е извесно дека Савињо повеќе нема да игра за Манчестер сити. Или, ако сепак остане, тоа ќе биде со минимална минутажа. Тотенхем ќе мора да понуди нешто поблиску до 70 милиони ако сакаат да го доведат Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кејн славеше „Златна топка“, па промаши пенал: Милан го урна Интер, Хакими со хет-трик

Баерн остана без победа во германското класико, Милан му го нанесе првиот сезонски пораз н…