Дома Останати Кошарка Проблеми во Далас – се организираат протести поради Дончиќ

Проблеми во Далас – се организираат протести поради Дончиќ

Трејдот на Лука Дончиќ од Далас во Лејкерс ги разгневи сите навивачи на маверикс. Толку се лути што решија да започнат акција за собирање пари, но не само тоа. Организираат и протести против сопственикот на франшизата и генералниот менаџер Ник Херисон, кој сакаат да ги избркаат од клубот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На официјалната страница на која собираат пари веќе имаат повеќе од 40.000 долари и таа сума и натаму расте.

„Херисон и семејството Аделсон направија нешто што никој не можеше ни да си замисли, го размениле нашиот омилен Дончиќ во Лејкерс за често повредениот Ентони Дејвис и само еден пик од првата рунда. Еден пик. Како голем фан на Далас, шокот, фрустрацијата и тагата решив да ги решам вака. Разговарав со семејството и пријателите кои имаат слично мислење и решив да ја започнам акцијата. Планот ни е целиот простор околу салата да го облепиме со протестни билборди и така да им дадеме до знаење на сите во клубот дека Далас заслужува повеќе“, стои во објаснувањето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Кошаркарите дознаа против кого ќе играат во борбата за место на Европското првенство (Фото)

Македонската кошаркарска репрезентација ги дозна ривалите во втората рунда од претквалифик…