Дома Останати Авто Мото Приведени две лица: Семејството на Шумахер добивало уцени

Приведени две лица: Семејството на Шумахер добивало уцени

Обвинителството во германскиот град Вупертал објави дека семејството на седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер добивало уцени.

Полицијата приведе две лица кои се поврзани со случајот. Тие наводно им се заканувале на вработените во семејството Шумахер со објавување на досие на семејството кое е сокриено за очите на јавноста.

Уценувачите барале милион евра за да не ги објават документите на интернет, по што полицијата веднаш реагираше и уапси татко и син од Вупертал.

За здравствената состојба на Шумахер се познати малку детали по несреќата која му се случи на скијање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Херта не сака уште една сезона во Ф2, но за Инди 500 нема дилема

Иднината на Колтон Херта за 2027 година останува отворена. Американецот не планира нова се…