Претседателот на фудбалскиот клуб Олимпик Марсеј, Пабло Лонгорија, е казнет со забрана за присуство на следните 15 натпревари во француската лига, откако неодамна упати критики поради судењето.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Поранешниот напаѓач на Марсеј, Фабрицио Раванели, сега советник на тој клуб, е суспендиран на три натпревари, пренесе агенцијата „Франс прес“.
Тие се казнети поради изјавите по саботниот пораз на Марсеј на гостувањето кај Оксер (0:3), во натпреварот од 23. коло на француската лига.
Лонгорија по поразот на својот тим пред телевизиските камери зборуваше за судиска кражба и „корупција“. Во понеделник, во интервју за агенцијата Франс прес, изјави дека се извинува за кажаното.
Казната на Лонгорија стапува на сила веднаш и тој во следните 15 натпревари нема да може да врши официјална функција и да биде на клупата за резервни играчи, во соблекувалната на играчите и официјалните лица.