Дома Фудбал Премиерлигашите се приклучија во трката за вундеркиндот од 100 милиони

Премиерлигашите се приклучија во трката за вундеркиндот од 100 милиони

Младиот француски играч за врска Ајуб Буади е желба на премиерлигашите Челзи и Арсенал, пренесува „РМЦ спорт“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Буади го привлече вниманието на пошироката јавност со блескава игра во победата на неговиот Лил, каде што и се афирмираше, над Реал Мадрид пред една година, од тогаш е стандарден дел од првиот тим.

Според овие информации, Буади е најблиску до договор со Арсенал. Сепак, Англичаните ќе имаат силна конкуренција бидејќи 18-годишниот играч за врска го посакуваат и Пари Сен Жермен, како и италијанскиот Јувентус.

Според наводите на белгискиот фудбалски инсајдер Саша Таволије, во Лил не планираат да го отпуштат својот бисер за помалку од 100.000.000 евра! Актуелниот договор со францускиот клуб му истекува во 2027 година и активно се работи на негово продолжување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Европјаните ќе го бојкотираат Светското првенство?!

Дали ФИФА има план да фрли „нуклеарна бомба“ врз фудбалот, како што наведоа во британскиот…