Дома Фудбал Премиер лигата го суспендираше Арне Слот

Премиер лигата го суспендираше Арне Слот

Раководството на англиската Премиер лига го казни менаџерот на моментално водечкиот тим во лигата, Ливерпул, Арне Слот (46) со забрана за водење на тимот на две натпревари по исклучувањето за време на дербито против Евертон во средата. Судија на натпреварот, Мајкл Оливер, му покажа на Слот црвен картон поради „агресивен, навредлив и погрден речник“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Така, Слот нема да смее да седи на клупата на Ливерпул за домашните натпревари против Вулверхемптон Вондерерс и Астон Вила. Ова е второ исклучување за Слот ова сезона, откако доби црвен картон и против Фулам, а тогаш беше казнет со забрана за водење на тимот за еден натпревар.

Поради инволвирање во инцидентот што настана по натпреварот, во кој Евертон израмни на 2:2 во осмата минута од судиското надополнување, црвен картон доби и помошникот на Слот, Сипке Хулсхоф.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Офанзивната моќ на Англија ја совлада Хрватска, Кејн и Белингам ги инспирираа „трите лава“

Англија ја победи Хрватска со 4:2 во првото големо европско дерби на Светското првенство 2…