Дома Фудбал Премиер лига усвои нови правила за финансискиот фер-плеј

Премиер лига усвои нови правила за финансискиот фер-плеј

Од следната сезона, Премиер лигата ќе има нов систем на финансиски фер-плеј кој ќе се базира на вредноста на тимот.

Претставниците на клубовите од Премиер лигата во петокот имаа средба во Лондон. На состанокот се гласаше за три можни системи за финансиски фер-плеј кои би го замениле досегашниот правилник.

Од следната сезона, вкупната вредност на тимот ќе биде ограничена на 85 проценти од вкупните приходи на клубот, но за клубовите кои ќе се натпреваруваат во Европа, односно во УЕФА натпреварувањата, тој максимум ќе биде поставен на 70 проценти.

Вредноста на тимот ги вклучува платите на играчите, тренерите и членовите на стручниот штаб и надоместоците исплатени на агентите на играчите за трансфери.

Правилата за одржливост кои ја регулираат потрошувачката на клубот на среден и долг рок беа усвоени едногласно.

Предлогот да се ограничат трошоците во однос на заработката на последен пласираниот клуб во лигата славно не успеа – доби само седум гласа „за“ и 12 „против“, додека еден клуб беше воздржан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

После оваа сцена јасно е дека Ханси Флик ја отфрли ѕвездата на Барселона?

Барселона победи на гостувањето во Севиља со 3:1, а втор натпревар по ред тренерот Ханси Ф…