Искусниот италијански стручњак Масимилијано Алегри сѐ уште ја очекува соодветната понуда за да го продолжи својот ангажман.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
За сега ужива надвор од фудбалот, но може да се врати на почетокот на следната сезона.
Како заинтересиран клуб се спомнува – Милан.
Веќе некое време во медиумите се појавува овој план на „росонерите“, а најновата информација е дека Алегри разговарал со претставниците на Милан по телефон, што само дополнително ги подгреа приказните за неговото враќање во Милан.
Пред неколку дена имаше и вечера со Фабио Паратичи, првиот кандидат за местото спортски директор на Милан.
Сите разбираат дека Серџо Консеисао на крајот од сезоната ќе си замине од Милан, можеби дури и порано, а сега Алегри е првиот кандидат за местото шеф тренер на клубот од „Сан Сиро“.
Да потсетиме, Алегри веќе има Скудето со Милан, а го напушти клубот во јануари 2014 година.