Дома Останати Тенис Пред 15 години беше одигран најдолгиот меч во историјата на тенисот – битка од над 11 часа! (Видео)

Пред 15 години беше одигран најдолгиот меч во историјата на тенисот – битка од над 11 часа! (Видео)

Американецот Џон Иснер и Французинот Никола Махут на 24 јуни 2010 година влегоа во историјата на тенисот откако, по три дена интензивна игра на Вимблдон, завршија најдолгиот меч досега, кој Иснер го доби со резултат 70:68 во петтиот сет.

Овој неверојатен дуел траеше цели 11 часа и пет минути, протегајќи се на три дена бидејќи играта два пати беше прекината поради темнината. и Никола Махут се бореа без прекин, а одлучувачкиот сет сам по себе траеше 8 часа и 11 минути, со неверојатни 138 игри.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Овој меч стана симбол на издржливост, бидејќи ниту еден играч не отстапи сè до последниот поен.

Иснер на крајот излезе како победник и влезе во историјата на тенисот, постигнувајќи дури 113 ас сервиси, додека Махут забележа 103, со што поставија рекорд во бројот на асови на еден меч.

По ова историско соочување, на Вимблдон беше изменето правилото, па од 2019 година одлучувачкиот сет не продолжува „до недоглед“, туку се воведува тај-брејк на 12:12 во петтиот сет.

Иснер и Махут останаа запаметени како ривали кои ги поместија границите на тенисот и издржливоста на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Најзгодната тенисерка во светот оди во пензија на 31 година (Фото)

Канадската тенисерка Ежени Бушар објави дека ќе ја заврши својата кариера на 31 година. Со…