Дома Фудбал Познато зошто луѓето не ја гледаат МЛС лигата: Досуден е најконтроверзниот пенал на годината (Видео)

Познато зошто луѓето не ја гледаат МЛС лигата: Досуден е најконтроверзниот пенал на годината (Видео)

Фудбалерите на Ванкувер Вајткапс ја победија екипата на Сент Луис Сити со резултат 3:2 во МЛС лигата синоќа.

Ако некогаш ве прашаат: „Што му недостасува на МЛС лигата?“, покажете им го деталот кој го одреди победникот на дуелот помеѓу Вајткапс и Сент Луис. Тоа да беше само изолиран случај, но честопати се случуваат чудни судиски одлуки на американско тло, во лига која, наводно, напредува секоја година од сите аспекти.

Ситуацијата од натпреварот во Канада каде што судијата Базакос покажа на белата точка во 14. минута од продолжението е апсурдна, но да тргнеме по ред.

Двапати водеше Сент Луис на овој натпревар, двапати се вратија домашните, а потоа следеше моментот кој ја одлучи средбата и беше прилично контроверзен.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од Вардар до репрезентацијата: Гаштаров ја користи шансата кај Риера

Матеј Гаштаров го зацврстува местото во Црвена звезда и веќе има четири настапи за сениорс…