Дома Кошарка Познато е кога се враќа Леброн Џејмс во акција

Познато е кога се враќа Леброн Џејмс во акција

Леброн Џејмс ќе го пропушти почетокот на новата НБА сезона поради оштетување на нервот и проблеми со повреда. Сега е познато и кога се очекува еден од најдобрите кошаркари на сите времиња да се врати на теренот.

Според информациите од инсајдерот на ЕСПН, Шемс Чаранија, Џејмс треба да биде на теренот средината на ноември.

Џејмс има закажано нов преглед кај лекарите на 30 октомври и тогаш ќе се види како напредува неговото закрепнување.

Шемс додава дека Лејкерс не се загрижени што ќе пропушти 10 до 15 натпревари на почетокот на сезоната.

Леброн има 40 години и во декември ќе наполни 41, а во просек минатата сезона забележа 24,4 поени, 7,8 скока и 8,2 асистенции на 70 одиграни натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Спорот за селекцијата 3х3 прерасна во барање Димевски да замине од МОК

КФМ бара оставка од Даниел Димевски поради спорот околу изборот на репрезентацијата 3х3. Ф…