Фудбалскиот аналитичар Јошко Јелиќиќ во шеговит тон ја коментираше одбраната на загрепски Динамо, која изгледа многу лошо оваа сезона.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во анализата на колото, Јелиќиќ се пошегува на сметка на одбраната на Динамо, а исто така ги коментираше и игрите на нивниот најголем ривал Хајдук од Сплит.
“И Миа Калифа игра подобра одбрана од оваа на Динамо”, рече Јелиќиќ и потоа се наврати на Хајдук.
“Фудбалот е најголемата измама. тактиката на Хајдук е ‘Оче наш’, ‘Богородице Дево радуј се’ и ‘Слава на Отецот’. А кога нема Ливаја, тогаш веројатно цела круница и што ти Бог ќе даде. Без идеја, нема излез. Иван Ракитиќ имаше 23 загубени топки и 69 проценти прецизност на додавања. Ако некој на таков терен, со 20 илјади луѓе и сончево време може да одигра квалитетно и технички добро, тоа е Иван. Тоа најдобро кажува колку Хајдук нема игра ни решенија”, додаде Јелиќиќ.
Да потсетиме, Динамо е третопласиран во ХНЛ со 42 освоени бодови, пет помалку од второпласираната Ријека и шест од Хајдук кој е прв.