Дома Фудбал Познати нови детали: Мурињо не бил толку виновен – еве зошто збеснал и предизвикал инцидент! (Видео)

Познати нови детали: Мурињо не бил толку виновен – еве зошто збеснал и предизвикал инцидент! (Видео)

Eкипата на Фенербахче претрпе пораз со 1-2 од Галатасарај во полуфиналето од Купот на Турција, а по овој натпревар најмногу се пишува за Жозе Мурињо.

Португалецот ги загуби нервите и по мечот го фати противничкиот тренер Окан Бурук за нос.

Сепак, по инцидентот се појави и снимка од друг агол која покажува дека Бурук бил тој кој започнал да провоцира.

Турските медиуми пишуваат дека се започнало кога Мурињо отишол кај судиите и им искоментирал дека лошо суделе. Тогаш Бурук од страна дофрлил:

„Немојте да го слушате, одлични бевте на натпреварот. Сите одлуки беа правилни“.

Исто така се пишува и дека и турскиот тренер му испратил сериозна навреда на Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…